ВЕТУВАЊЕ ДО НАШИТЕ FARMASI ИНФЛУЕНСЕРИ\

Во FARMASI, вие сте во центарот на сè што правиме. Кога ќе станете FARMASI Инфлуенсер, станувате ценет член на нашето FARMASI семејство.

ШТО НУДИМЕ

Поддршка: Регистрацијата е брза и едноставна. Знаеме дека започнувањето нешто ново може да изгледа застрашувачки, затоа сакаме да се чувствувате сигурно во вашата одлука да се приклучите на нашето FARMASI семејство.

Искреност: FARMASI никогаш нема да ви наплаќа месечна такса за одржување, лична веб страница или извештаи. Сакаме да се фокусирате на успехот во вашиот FARMASI бизнис. Останатото препуштете ни го нам!

Можности: Како FARMASI Инфлуенсер, нудиме 25% провизија на сите ваши лични продажби и 25% попуст на сите купувања. Нашиот план за компензација е уникатен и дизајниран да ви помогне да успеете. Нудиме девет различни начини на заработка за нашите FARMASI Инфлуенсери, така што лесно можете да ја најдете методата што најмногу ви одговара!

Лидер, кога се безбедноста и иновациите во прашање: Соте производи ги создадавме во согласност со европските стандарди, во нашата сопствена фабрика за производство во Истанбул, Турција. Нашиот тим има посветен тим научници и експерти кои секојдневно развиваат безбедни, иновативни и ефикасни формули кои ја освоија довербата на цел свет.

НашетоFARMASI семејство. Како семејна компанија, FARMASI е основан од Dr. C. Tuna пред повеќе од 70 години и денес управуван од членови на втората и третата генерација на семејството. Нашата корпоративна култура се базира на меѓусебна поддршка и развој. Горди сме што негуваме силна поврзаност меѓу нашите FARMASI инфлуенсери и корпоративниот тим на FARMASI, кои го чинат срцето на заедницата.

ШТО НЕМА ДА ДОБИЕТЕ...

Непотребни барања: FARMASI никогаш нема да бара од вас да препорачувате одредена количина производи за да ја заработите вашата провизија. Вашата провизија и попустот на производи не зависат од ништо друго освен од тоа да останете активен FARMASI Инфлуенсер.

Скриени трошоци: Кај FARMASI нема да наидете на скриени трошоци. Нашата структура е едноставна и транспарентна, така што никогаш нема да се грижите за скриени плаќања.

Нереални цели: FARMASI разбира дека некои месеци се полесни од други, и затоа ви дава шест месеци за да го постигнете вашиот личен волумен на поени. Веруваме дека сте подобар лидер без притисок и стрес.

Притисок: FARMASI никогаш нема да ве тера да препорачувате производи на луѓе надвор од вашата комфор зона. Ви обезбедуваме ресурси кои ви се потребни за да започнете разговори со вашите корисници, со разбирање дека секој има свој стил и пристап кон директната продажба.

Клучна порака: FARMASI нуди повеќе од производи за убавина и задравје. Нудиме можности за луѓето да ги трансформираат своите животи. Стани FARMASI Инфлуенсер и помогни им на другите да ги постигнат своите цели додека ти создаваш живот полн со слобода, самодоверба и успех.

footer.joinFarmasi
footer.followUs
country flag picture

MK

footer.becomeInfluencerTitle

footer.becomeInfluencerDescription

footer.guestCheckoutTitle

footer.guestCheckoutDescription

FARMASİ © footer.allRightsReserved
Powered by