
НАШАТА МИСИЈА
Го трансформираме животот на луѓето преку производи што придонесуваат за здравје, благосостојба и економско зајакнување.
НАША ВИЗИЈА
Да стане водечка #1 компанија за директна продажба на козметика до 2027 година. Овој успех го постигнуваме следејќи ги принципите на чесност, извонредност и преданост на нашиот основач, Dr. Cevdet Tuna.
НАШИ ВРЕДНОСТИ
Овие вредности го водат FARMASI бизнисот, ја дефинираат нашата култура и не инспирираат да создаваме подобра иднина.
Убавина: Го поддржуваме правото на секој човек да се чувствува убаво — без разлика на боја на кожата, етничка припадност, години, пол, инвалидитет, вера, сексуална ориентација, економски статус или било која друга различност. Веруваме дека убавината е универзална и дека им припаѓа на сите.
Автентичност: Веруваме дека твојата автентична верзија - воедно е твојата најдобра верзија. Преку нашите производи и можности ти помагаме да напредуваш и да станеш личност каква што отсекогаш си сакал/а да бидеш.
Цел: Веруваме дека луѓето се способни да постигнат сè што можат да замислат. Нашата цел е да им овозможуваме да креираат сопствени приказни за успех.
Интегритет: Посветени сме на принципите на извонредност и интегритет на нашиот основач. Овие принципи се наша насока на сѐ што правиме — од иновации, преку забрана на тестирање врз животни, до создавање глобална заедница каде сите се чувствуваат како едно големо семејство.
Поддршка: Веруваме во лидерство засновано на поддршка. Поддржуваме луѓе кои ги поддржуваат другите — затоа што таквите заедници можат да го променат светот.