ПОЛИТИКА НА ДОСТАВА
Во ФАРМАСИ , сакаме вашите нарачки да стигнат до вас што е можно побрзо и поефикасно.
ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДОТ
Цените на сите производи на интернет-продавницата на ФАРМАСИ (farmasi.mk) се изразени во денари (“ДЕН“) и вклучуваат данок на додадена вредност (ДДВ) според применливата стапка.
Цените на производите се подложни на промени се до моментот на извршувањето на нарачката од страна на купувачот. Цената за доставување на нарачката не е вклучена во изразената цена на производот.
Трошокот за доставувањето зависи од тоа дали купувате на интернет-продавницата на ФАРМАСИ како ФАРМАСИ Инфлуенсер или како гостин или регистриран клиент.
ЦЕНА НА ДОСТАВУВАЊЕТО ЗА ФАРМАСИ ИНФЛУЕНСЕРИТЕ
Цената на доставaта зависи од износот на нарачката :
Трошокот за доставување за ФАРМАСИ Инфлуенсрот е:
· за износ на нарачката под 1.799 ден. трошокот за достава изнесува 150 ден.
· за износ на нарачката од 1.800 до 4.999 ден. трошокот за достава изнесува 130 ден.
· за износ на нарачката од 5.000 до 9.999 ден. трошокот за достава изнесува 100 ден.
· за износ на нарачката од 10.000 ден. и повеќе доставата е бесплатна.
ЦЕНИ НА ДОСТАВУВАЊЕТО ЗА ГОСТИН И РЕГИСТРИРАН КЛИЕНТ
При купувањето во интернет-продавницата на ФАМРАСИ гостинот или регистрираниот клиентот ги плаќа истите трошоци за достава како и ФАРМАСИ Инфлуенсерот.
Трошокот за доставување за Гостин и регистриран Клиентот:
· за износ на нарачката под 1.7999 ден. трошокот за достава изнесува 150 ден.
· за износ на нарачката од 1.800 до 4.999 ден. трошокот за достава изнесува 130 ден.
· за износ на нарачката од 5.000 до 9.999 ден. трошокот за достава изнесува 100 ден.
· за износ на нарачката од 10.000 ден. и повеќе доставата е бесплатна.
НАЧИН И ПОСТАПКА НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето на цената на производот и трошокот за доставување може врши со плаќање по преземање – во готовина. При преземањето на пратката се исплаќа целокупниот износ назначен во фактурата вклучувајќи го и трошокот за доставување.
РОК НА ДОСТАВА
Доставувањето на производите е можно исклучиво во рамките на подрачјето на Република Северна Македонија.
Откако ФАРМАСИ ќе ја идентификува нарачката (најдоцна во рок од 24 часа од нарачката на производот од страна на купувачот, што се применува исклучиво доколку таквиот рок истекува во текот на работен ден во Република Северна Македонија, и не се однесува на неработните денови), производите ќе му бидат испорачани на купувачот, во следниве рокови:
- 2 до 5 работни дена.
ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ
Купувачот има право на враќање на производи во согласност со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и со условите наведени подолу.
1. ПРАВО НА ВРАЌАЊЕ
Купувачот има право, без наведување на причина, да го раскине договорот и да побара враќање на производот во рок од 14 дена од денот на приемот на порачката.
Правото на враќање се однесува исклучиво на производи кои се некористени, неоштетени, во оригинално пакување и со приложен доказ за купување (фактура или фискална сметка за нарачка).
2. ПРОИЗВОДИ ЗА КОИ ВРАЌАЊЕТО НЕ Е МОЖНО
Враќање не е можно за:
• производи кои се оштетени од страна на купувачот, се отворени, користени или делумно потрошени;
• производи од хигиенска и козметичка природа чие отворање оневозможува повторна продажба;
• промотивни сетови или подарочни пакувања доколку недостасува било кој артикл;
• персонализирани или специјално изработени производи по барање на купувачот.
3. ПОСТАПКА ЗА ВРАЌАЊЕ
Купувачот е должен да ја извести ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје за намерата за враќање преку е-пошта на адресата info@farmasi.mk, со назнака на бројот на нарачката и производот кој се враќа.
По приемот на барањето, купувачот ќе добие инструкции за испраќање на производот на адресата на овластениот магацин или дистрибутивен центар.
Производите се враќаат исклучиво со препорачана пратка и во оригинално пакување. Купувачот го сноси ризикот од оштетување на производот при враќањето сè до моментот на прием од страна на ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје.
4. ТРОШОЦИ ЗА ВРАЌАЊЕ
Трошокот за враќање на производот го сноси купувачот, освен во случаи кога е испорачан погрешен, оштетен или неисправен производ – тогаш трошокот го сноси ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје.
5. ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВА
Откако производот ќе биде вратен и прегледан, ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје ќе го изврши враќањето на уплатениот износ во рок од најдоцна 14 дена од денот на прием на вратените производи.
Враќањето на средствата ќе се изврши на ист начин на плаќање кој го користел купувачот при нарачката, освен ако купувачот изречно не побара поинаку.
6. ОШТЕТЕНИ, НЕИСПРАВНИ ИЛИ ПОГРЕШНИ ПРОИЗВОДИ
Во случај на испорака на оштетен, неисправен или погрешен производ, купувачот е должен веднаш по приемот да ја контактира службата за поддршка на корисници на info@farmasi.mk и да приложи фотографии од оштетувањето или грешката.
По потврдата на рекламацијата, на купувачот ќе му биде понудено враќање на средствата или замена на производот без дополнителни трошоци.
7. ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ
ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје го задржува правото да одбие враќање ако утврди дека производот не е вратен во состојба што одговара на наведените услови.
Во случај на какви било прашања или нејаснотии, купувачите можат да се обратат на службата за поддршка на корисници преку е-пошта: info@farmasi.mk.