ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА НА ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Овие Општи услови за продажба на интернет продавницата на ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје (во понатамошниот текст: Услови за продажба) се однесуваат на употребата и/или на купувањето на ФАРМАСИ производите преку интернет продавницата на ФАРМАСИ достапна на https://klub.farmasi.mk/ (во понатамошниот текст: интернет продавницата на ФАРМАСИ) исклучиво на подрачјето на Република Северна Македонија.
Носител на сите права на интернет страницата https://www.farmasi.mk/ и давател на услугата на интернет трговија („Tрговецот“) e ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје е:
ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје со седиште во Скопје, ул. Франклин Рузвелт бр.30/1-15, електронска адреса: info@farmasi.mk , телефонски број: +389 78 443 865 (во понатамошиот текст ФАРМАСИ или трговецот).
ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ, Скопје е трговско друштво регистрирано во трговскиот регистар на Република Северна Македонија, регистрирано под Деловоден број: 35020220029016, со ЕМБС: 7210531 и ЕДБ:4080017566600, кое во рамките на своите деловни актиности на клиентите им нуди, меѓу другото и купување на козметички, производи за домаќинство, додатоци во исхраната, некозметички и други производи преку својата интернет страница.
Со користењето на интернет продавницата на ФАРМАСИ ги прифаќате овие Услови за продажба, како и Условите за користење на Интернет страницата: https://farmasi.mk/
Со користењето на интернет продавницата на ФАРМАСИ се смета дека корисниците (купувачите) се во секој момент запознаени со овие Услови на продажба и дека во целост ги разбираат и ги прифаќаат. Со оглед на тоа корисниците на интернет продавницата ФАРМАСИ ги упатуваме пред купувањето на ФАРМАСИ производите преку интернет продавницата на ФАРМАСИ да ги прочитаат овие Услови за продажба и истите редовно да ги проверуваат, сето тоа за да бидат запознаени со можните промени на истите односно со сите свои права и обврски.
Овие Услови за продажба воедно претставуваат и преддоговорна обврска кога договорот за продажба го склучува потрошувачот во својство на купувач, при што потрошувачот во согласност со Законот за заштита на потрошувачте на Репбулика Северна Македонија се дефинира како секое лице кое купува производи или користи услуги за неспосредна сопствена потрошувачка за цели кое не се наменети за вршење на неговото занимање или за други деловни дејности.
Доколку договорот за продажба се склучува помеѓу трговец и потрошувач во рамки на организирано деловно работење или обезбедување услуги на потрошувачи, без нивно истовремено физичко присуство и со користење на едно или повеќе средства за комуникација на далечина, тогаш се смета за договор на далечина.
Средства за комуникација на далечина се сите средства што овозможуваат склучување договор без истовремено физичко присуство на трговецот и потрошувачот, како што се интернетот и електронската пошта.
ФАРМАСИ го задржува правото на промена, ограничување или престанок на давањето услуга во секој момент, без обврска за претходна најава, вклучително и делумно, или пак може во целост да го ограничи пристапот како и давањето определени услуги на корисниците кои ги кршат одредбите на овие Услови за користење на интернет страницата https://klub.farmasi.mk/ .
Сликите на производите на интернет продавницата на ФАРМАСИ се од илустративна природа. Сликата што илустрира производ на интернет продавницата на ФАРМАСИ не мора во целост да соодветствува со вистинскиот изглед и со содржината на производот, а купувачот не може таквите производи да ги рекламира по тој основ.
ДЕФИНИЦИИ
За потребите на разбирањето на Договорот и овие Општи услови, одредени поими го имаат следното значење:
Електронска платформа- https://klub.farmasi.mk/ збир на ИТ алатки кои служат за оперативни продажни работи, како и за сите процеси за управување со базата на производи и аналитика, на која купувачот може да купи стоки од продажниот асортиман на трговецот.
Купувач-физичко или правно лице кое купува стоки преку интернет продавницата на Трговецот.
Стока-стока што се продава преку интернет продавницата на Трговецот, а чиј исклучив сопственик е Трговецот се до моментот на нејзиното предавање на купувачот и чиј промет преку Интернет е дозволен со законите на Република Северна Македонија
Придружни услуги-услуги кои ги обезбедува Трговецот, а ги користи купувачот
Вредност на стока-вкупниот паричен износ за кој купувачот купува стока, во кој е вклучен ДДВ
Цена-цена на поединечен артикл
Нутриплус производи-производи кои ги продава Трговецот, а се од брендот Нутриплус.
УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА
Купувачот може да купува производи на интернет продавницата на ФАРМАСИ како гостин или како регистриран корисник. Доколку купувачот купува како гостин или како регистриран клиент, од купувачот ќе се бараат само оние податоци коишто се битни односно нужни за обработка на нарачката.
Со регистрацијата корисникот станува ФАРМАСИ Инфлуенсер и ги ужива погодностите кои произлегуваат од тој статус, додека корисниците на интернет продавницата на ФАРМАСИ коишто купуваат како гости или како регистрирани клиенти не ги уживаат погодностите коишто се наменети за ФАРМАСИ Инфлуенсерот.
Корисник може да биде само полнолетно и деловно способно лице. Договор во име и за сметка на малолетник и на целосно деловно неспособно лице може да склучат нивните законски застапници или старатели, а делумно деловно способните лица договорот може да го склучат само со согласност на нивниот законски застапник или старател. ФАРМАСИ не сноси никаква одговорност за постапувањето спротивно на оваа одредба. ФАРМАСИ не одговара за евентуалните последици од таквото користење.
Се подразбира дека секој корисник купува производи за крајна потрошувачка односно за лична употреба, а во никој случај за препродажба. Aко некој корисник сака да се занимава со каква и да е форма на трговија, потребно е да ги преземе сите потребни чекори во согласност со релевантните законски прописи.
За крешење на одредбите на Условите за продажба од ова поглавје, ФАРМАСИ го задржува правото, според слободна проценка, да ја изгасне корисничката сметка на членот, без обврска за надомест, во полза на корисникот, на било кој трошок или штета.
СТАТУС НА ФАРМАСИ ИНФЛУЕНСЕР
Со регистрацијата корисникот станува ФАРМАСИ Инфлуенсер. Во постапката на регистрација односно на креирање корисничка сметка, корисникот е обврзан да избере име и презиме под кое ќе ја врши нарачката, да избере безбедносна лозинка и да достави активна електронска адреса и адреса за доставување. Сите податоци потребни за регистрацијата односно за креирање корисничка сметка мора да бидат вистинити, при што користењето или употребата на туѓи податоци е изричито забрането.
Бројот на ФАРМАСИ Инфлуенсерот ќе му биде доделен при обработката на првата нарачка, а од тој момент се активираат и правата на погодностите кои произлегуваат од тој статус. Регистрацијата, односно изработката на кориснички профил му овозможува на ФАРМАСИ Инфлуенсерот складирање и следење на неговите нарачки, како и определени погодности при купувањето на ФАРМАСИ производите, ако таквите погодности се достапни.
Регистрацијата или корисничката сметка се креираат само за едно лице и не е дозволено податоците за регистрацијата или за корисничката сметка на трети лица. ФАРМАСИ Инфлуенсерот е должен да ги чува податоците за својата безбедносна лозинка и за корисничката сметка. Употребата на туѓа корисничка сметка не е дозволена.
Статусот на ФАРМАСИ Инфлуенсер престанува по автоматизам ако не изврши ниту една нарачка во периодот од 6 (шест) месеци од датумот на последната извршена нарачка. Во тој случај, корисникот е должен да поднесе барање за реактивирање на статусот на следнава електронска адреса: info@farmasi.mk
ПОГОДНОСТИ ЗА ФАРМАСИ ИНФЛУЕНСЕРИТЕ
1. ПОПУСТИ ПРО КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ФАРМАСИ:
Сите регистрирани ФАРМАСИ Инфлуенсери остваруваат право на попуст од 25%.
2, ДРУГИ ПОПУСТИ
25% попуст не се однесува на сетовите, модните додатоци и останати некозметички артикли во каталогот. ФАРМАСИ го задржува правото на промена на износот на попуст. Во случај на промена, износот на попуст ќе биде претставен на ФАРМАСИ интернет-продавницата.
ГОСТИН ИЛИ РЕГИСТРИРАН КЛИЕНТ
Aко корисникот одлучи дека не сака да стане ФАРМАСИ Инфлуенсер и дека купувањето ќе го изврши како гостин или како регистриран клиент, во постапката на креирање на нарачката е должен да го избере името и презимето под кое ќе ја врши нарачката, да ја внесе точната електронска адреса и адресата за доставување. Податоците што ФАРМАСИ ги бара од гостинот или регистрираниот клиент при купувањето се потребни заради извршување на договорот за купопродажба.
Сите податоци предадени при изработката на нарачката мора да бидат вистинити при што користењето или употребата на туѓи податоци е изричито забрането.
Гостинот или регистрираниот клиент не ги користи погодностите од ФАРМАСИ Инфлуенсерот и купува производи според редовните цени достапни на интернет-продавницата на ФАРМАСИ.
СКЛУЧУВАЊЕ И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА КУПОПРОДАЖБА
Се што е наведено на интернет продавницата на ФАРМАСИ претставува повик за доставување понуда односно, во овој случај, нарачка.
Гостинот или регистрираниот клиент и ФАРМАСИ Инфлуенсерот не е ограничен со минималната вредност на нарачката.
Договорот за купопродажба стапува во сила и обврзува од моментот кога купувачот ќе ја прими електронската порака, на доставената електронска адреса, со која ФАРМАСИ потврдува прием на нарачката, односно профаќање на понудата на купувачот.
ПРАВО НА КУПУВАЧОТ НА ЕДНОСТРАН ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ
Купувачот може еднострано да го раскине Договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена, без наведување на причината.
Рокот за еднострано раскинување започнува да тече од денот кога на купувачот или на трето лице, кое купувачот за тоа го овластил, а кое не е превозник, производот кој е предмет на Договорот му е предаден во поседување.
Купувачот нема право на еднострано раскинување на Договорот, ако предметот на Договорот е лесно расиплива стока или стока со краток рок на траење или ако предмет на Договорот е запечатена стока која била отпечатена/отворана по доставувањето, па од здравствени или хигиенски причини е несоодветна за поврат.
Купувачот е одговорен за секое намалување на вредноста на стоката кое е резултат од ракувањето со стоката, освен она што било потребно за утврдување на природата, обележјата и функционалноста на стоката.
За да може да го оствари правото на еднострано раскинување на овој Договор, купувачот мора да го извести ФАРМАСИ за својата одлука за еднострано раскинување на договорот, пред истекувањето на рокот од четиринаесет дена и тоа со недвосмислена изјава испратена по пошта или по електронска порака, во која ќе го наведе своето име и презиме, адресата, телефонскиот број, или електронската адреса, а можете да го користите и приложениот пример на формуларот за еднострано раскинување на договорот.
Примерок од формуларот за еднострано раскинување на договорот се наоѓа тука во Образецот за еднострано раскинување на договор и можете електронски да го пополните и да го испратите. Во случај на испраќање известување за еднострано раскинување на договорот по електронски пат, ФАРМАСИ ќе му ја достави на купувачот потврдата за еднострано раскинување на договорот без одложување и по електронски пат.
Купувачот е должен производот(производите) да го(ги) врати и да го(ги) предаде на ФАРМАСИ без непотребно одложување, а во секој случај најдоцна во рок од 14 дена од денот кога на ФАРМАСИ му ја упатил својата одлука за едностраното раскинување на Договорот.
Ако купувачот, во согласност со одредбите на овој дел еднострано го раскине Договорот, ФАРМАСИ ќе изврши поврат на парите што ги примил од купувачот за име на исплата на купопродажната цена за нарачаниот производ, без одложување, а најдоцна во рок од 14 дена од денот на прием на известувањето за едностраното раскинување на Договорот. ФАРМАСИ ги враќа трошоците за испорака, освен во случај кога купувачот одбрал друг вид испорака, којашто не е најевтината страндардна испорака што ФАРМАСИ ја нуди. ФАРМАСИ може да изврши поврат на парите дури откако производот ќе биде вратен или откако купувачот ќе достави неспорен доказ дека производот го испратил назад на ФАРМАСИ. Повратот на парите ФАРМАСИ секогаш го извршува на банковната сметка на купувачот. Купувачот е должен да го извести ФАРМАСИ за бројот на сметката на којашто сака повратот да се изврши.
Купувачот сам ги сноси директните трошоци за поврат на производот.
Купувачот е одговорен за секое намалување на вредноста на производот коешто е резултат на ракувањето со производот, освен она што било потребно за утврдување на природата, на обележјето и на функционалноста на производот.
ПРАВО НА КУПУВАЧОТ НА ПРОГОВОР / НА РЕКЛАМАЦИЈА
Нарачатите производи се спакувани така што да не се оштетат со вообичаениот начин на транспорт при доставувањето. Купувачот е должен при преземањето да го провери пакувањето на пратката. Доколку на пакувањето има видливи оштетувања/недостатоци, препорачуваме купувачот да го одбие приемот на истата бидејќи постои можност производот во такво пакување да е оштетен. Со одбивањето на приемот, доставната служба ќе ја врати пратката на ФАРМАСИ, со напомена дека пратката содржи недостаток.
Потрошувачките приговори можат да бидат насловени како поплака, барање, приговор, рекламација и сл. ФАРМАСИ е должен да ги прими како и да се насловени.
Приговорите поврзани со недостатоците на производот и сите други приговори може да се изјават во деловните простории на друштвото ФАРМАСИ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ Скопје, во пишана форма по пошта, по електронски пат:
електронска адреса: info@farmasi.mk,
ФАРМАСИ ќе одговори на приговорот на купувачот во рок од 15 дена така што купувачот ќе го извести дали неговиот приговор е основан или не со образложениот за неговата основаност или неоснованост.
ФАРМАСИ може да даде предлог како да се реши потрошувачкиот приговор и со решението да го запознае купувачот во истиот рок од 15 дена. ФАРМАСИ е должен на купувачот да му определи рок во кој ќе постапи доколку купувачот се согласи со неговиот конкретен предлог. Овој рок не може да биде подолг од 30 дена од денот кога е поднесен приговорот. Овој рок може да биде продолжен само еднаш за 8 дена од оправдани причини.
Во случај на основан приговор купувачот има право, според својот избор, на раскинување на Договорот со поврат на уплатениот износ, или со замена на производот. Доколку се работи за оштетување и/или за неисправност на испорачаниот производ, ФАРМАСИ го упатува купувачот во приговорот да испрати фотографија од неисправниот/оштетениот производ, а сето тоа за да може исправноста на приговорот побрзо и поедноставно да се утврди.
При враќањето, производот мора да биде неоштетен (доколку причината за приговорот не е оштетувањето на производот), во непроменето количество (некористен) и во оригинална амбалажа, со прикажан оригинал и фактура за гаранција, доколку постои, а во спротивно ФАРМАСИ нема да го уважи приговорот.
Доколку купувачот не е задоволен со начинот на кој е решен неговиот приговор, може да покрене вонсудска или судска постапка во врска со понатамошното остварување на неговите потрошувачки права. Купувачот може да се обиде да да го реши спорот вонсудски преку некој од органите надлежни за алтернативно решавање спорови со потрошувачи, кои дејствуваат во Република Северна Македонија, согласно Законот за заштита на потрошувачите.
ФАРМАСИ е должен на купувачот да му исполни Договор во согласност со одредбите на Договорот и со применливите одредби на Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигациони односи.
ФАРМАСИ одговара за материјалните недостатоци на своите производи кои се продаваат преку интернет продавницата на ФАРМАСИ. Во случај на материјален недостаток на производот ФАРМАСИ одговара за нив во согласност со променливите одредби на Законот за облигациони односи и/или Законот за заштита на потрошувачите.
Како продавач ФАРМАСИ не одговара за материјалниот недостаток на продадениот предмет кој ќе се покаже по истекот на две години од продажбата на предметот.
Недостаток на производот, кога тоа е неопходно, се докажува со вештачење во за тоа овластени институции или со помош на овластен судски вештак.
Ако материјалниот недостаток на производот се појави во рок од една година од денот на пренос на ризикот на купувачот (потрошувач), ФАРМАСИ смета дека недостатокот во тој момент не постоел. Трошоците за вештачење ги преднаплатува ФАРМАСИ, а конечните трошоци ги сноси ФАРМАСИ или купувачот (потрошувач), зависно од резултатот на вештачењето.
Ако материјалниот недостаток на производот се појави по истекот на рокот од една година, но не подоцна од две години од денот на пренос на ризикот на купувачот (потрошувач), трошоците за вештачење ги преднаплатува купувачот (потрошувач), а конечните трошоци ги сноси ФАРМАСИ или купувачот (потрошувач), зависно од резултатот на вештачењето.
ПОЛИТИКА НА ДОСТАВА
Во ФАРМАСИ , сакаме вашите нарачки да стигнат до вас што е можно побрзо и поефикасно.
ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДОТ
Цените на сите производи на интернет-продавницата на ФАРМАСИ (farmasi.mk) се изразени во денари (“ДЕН“) и вклучуваат данок на додадена вредност (ДДВ) според применливата стапка.
Цените на производите се подложни на промени се до моментот на извршувањето на нарачката од страна на купувачот. Цената за доставување на нарачката не е вклучена во изразената цена на производот.
Трошокот за доставувањето зависи од тоа дали купувате на интернет-продавницата на ФАРМАСИ како ФАРМАСИ Инфлуенсер или како гостин или регистриран клиент.
ЦЕНА НА ДОСТАВУВАЊЕТО ЗА ФАРМАСИ ИНФЛУЕНСЕРИТЕ
Цената на доставaта зависи од износот на нарачката :
Трошокот за доставување за ФАРМАСИ Инфлуенсрот е:
· за износ на нарачката под 1.799 ден. трошокот за достава изнесува 150 ден.
· за износ на нарачката од 1.800 до 4.999 ден. трошокот за достава изнесува 130 ден.
· за износ на нарачката од 5.000 до 9.999 ден. трошокот за достава изнесува 100 ден.
· за износ на нарачката од 10.000 ден. и повеќе доставата е бесплатна.
ЦЕНИ НА ДОСТАВУВАЊЕТО ЗА ГОСТИН И РЕГИСТРИРАН КЛИЕНТ
При купувањето во интернет-продавницата на ФАМРАСИ гостинот или регистрираниот клиентот ги плаќа истите трошоци за достава како и ФАРМАСИ Инфлуенсерот.
Трошокот за доставување за Гостин и регистриран Клиентот:
· за износ на нарачката под 1.7999 ден. трошокот за достава изнесува 150 ден.
· за износ на нарачката од 1.800 до 4.999 ден. трошокот за достава изнесува 130 ден.
· за износ на нарачката од 5.000 до 9.999 ден. трошокот за достава изнесува 100 ден.
· за износ на нарачката од 10.000 ден. и повеќе доставата е бесплатна.
НАЧИН И ПОСТАПКА НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето на цената на производот и трошокот за доставување може врши со плаќање по преземање – во готовина. При преземањето на пратката се исплаќа целокупниот износ назначен во фактурата вклучувајќи го и трошокот за доставување.
РОК НА ДОСТАВА
Доставувањето на производите е можно исклучиво во рамките на подрачјето на Република Северна Македонија.
Откако ФАРМАСИ ќе ја идентификува нарачката (најдоцна во рок од 24 часа од нарачката на производот од страна на купувачот, што се применува исклучиво доколку таквиот рок истекува во текот на работен ден во Република Северна Македонија, и не се однесува на неработните денови), производите ќе му бидат испорачани на купувачот, во следниве рокови:
- 2 до 5 работни дена.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Договорот за купопродажба на производите ФАРМАСИ кој е клучен меѓу ФАРМАСИ и купувачот е еднократен договор за купопродажба на далечина кој е извршен кога ФАРМАСИ ќе го испорача на купувачот нарачаниот производ, а купувачот ќе ја исплати цената на тој производ и дополнителните трошоци, ако се применливи.
Овие Услови за продажба се составен дел на Договорот за купопродажба на ФАРМАСИ производите.
ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ ПРИ КУПУВАЊЕ
ФАРМАСИ се обврзува да ги заштити личните податоци на купувачите како што е опишано во Правилата за заштита на приватноста на ФАРМАСИ.
ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ПРОДАЖБА И СТАПУВАЊЕ ВО СИЛА
ФАРМАСИ има право да ги измени овие Услови за продажба во кое и да е време. Измените стапуваат во сила на денот на објавувањето на Интернет страницата https://www.farmasi.mk/.
Купувачот им подлежи на Условите за продажба кои се во сила во моментот во кој ја користи интернет продавницата на ФАРМАСИ односо кога ќе изврши нарачка на ФАРМАСИ производите.
Овие Услови за продажба се објавени, стапуваат во сила и се применуваат од ден 1-ви ноември 2025 година.