Приказната за Farmasi започна пред повеќе од половина век со нашиот основач Dr. Cevdet Tunа. Farmasi е посветена на почитување на принципите на извонредност и интегритет на нашиот основач во форма на иновации и високи стандарди за квалитет, и како резултат на тоа, е една од водечките компании во козметиката, негата на кожата и исхраната.
Farmasi нуди многу повеќе од производи за убавина и здравје, ние исто така им нудиме на луѓето можност да ги трансформираат своите животи.
Ако сакате да го започнете или унапредите вашето патување во благосостојба и здравје, имаме производи кои ќе ви помогнат да ги постигнете вашите цели.
Како една од најбрзо растечките компании за директна продажба, Farmasi е присутна во 33 земји и тој број постојано расте. Повеќе од милион луѓе ширум светот ги продаваат нашите производи и градат заедници. Придружете ни се да ја трансформираме иднината заедно!

Нашата мисија
Да ги трансформираме и подобриме човечките животи со производи кои обезбедуваат благосостојба и економска стабилност.

Нашата визија
Да станеме број 1 козметичка компанија за директна продажба до 2025 година и да го постигнеме тоа преку посветеност кон чесните принципи на нашиот основач, Dr. C. Tuna

Нaшите вредности - Ни помагаат во водењето на нашиот бизнис, дефинирањето на нашата култура и инспирирањето на нашата иднината.

Убавина
Го поддржуваме правото на секого да се чувствува убаво, без разлика на расата, етничката припадност, возраста, полот, попреченоста, религијата, сексуалната ориентација, економскиот статус или друго различно потекло.

Самоизразување
Ние веруваме дека вашата највистинска верзија од себе е и најдобра. Затоа ви обезбедуваме производи и можности со цел да ви помогнеме да напредувате и да станете личноста што сакате да бидете.
Намера
Ние веруваме дека луѓето се способни да постигнат сè што ќе замислат. Затоа сакаме да ви обезбедиме пат да создадете своја успешна приказна.

Интегритет
Ние сме посветени на принципите на нашиот основач за извонредност и интегритет. Ние се водиме по овие принципи во сè што правиме, од прифаќање на иновациите и забраната за тестирање на животни, до третирање на нашата глобална заедница како едно големо семејство.

Охрабрување
Ние веруваме во луѓето кои ги поддржуваат другите бидејќи тоа создава силни заедници кои можат да го променат светот

Стандарди за производи
Да го одберете Farmasi значи да се направи најдобар избор за својата кожа, тело и дом. Од производите за нега на кожа и козметика до производите за храна и производите за домаќинството, може да верувате дека Farmasi производите се формулирани според највисоките стандарди за безбедност и ефикасност.

ПОДИГНУВАЊЕ НА СКАЛИЛАТА

FARMASI се придржува до европските стандарди, кои се и највисоките стандарид, што значи дека:
- состојките се безбедни и ефективни
- спроведена е регистрација, проценка, овластување и ограничување на сите хемикалии што се користат во нашите формули
- пакувањата се јасно и точно означени
- сите тврдења за ефикасност се лабораториски тестирани и веродостојни

ТВРДЕЊА ВО КОИ МОЖЕ ДА ВЕРУВАТЕ

Секое наше тврдење е тестирано и сертифицирано, давајќи ви ги само најдобрите и најефикасните производи што можете да ви ги понудиме. Ние ја докажуваме ефикасноста на нашите состојки користејќи ги најнапредните методи на лабораториско тестирање. Овој процес го поддржуваме и со тестови спроведени на потрошувачи, клинички студии и дерматолошки тестови.


ПОДОБАР ПРОЦЕС – ПОДОБРИ ПРОИЗВОДИ

Нашите производи се произведуваат во објекти со сертификат за добра производна практика (GMP). Сертификатите за GMP обезбедуваат правилен дизајн, надзор и контрола на производните процеси и капацитети според строги критериуми, така што може да верувате дека нашите производи се развиени по строги постапки за контрола на квалитетот кои гарантираат високи стандарди.

ПРОИЗВОДИ од брендот FARMASI

FARMASI козметиката нуди совршена рамнотежа преку обезбедување на модерни производи за професионални шминкери, како и секојдневни потрошувачи, што бараат високо-квалитетна шминка. Сега секој има пристап до убав изглед и чувство по пристапни цени.
Нашите производи за козметика и лична нега:
- не се тестираат на животни
- не содржат состојки од животинско потекло*
- не содржат тешки метали
- не содржат глутен
- не содржат парабени
* Подложно на промени во зависност од пласман на производот.

DR. C. TUNA

Засекогаш во првите редови на иновациите, решенијата за нега на кожата од колекцијата на Dr. C. Tunа се со врвна технологија преку режими кои лесно се вклопуваат во секој начин на живот. Создадени преку идеалната рамнотежа на природата и науката, Dr. C. Tunа производите клинички се докажани дека даваат видливи резултати.
Dr. C. Tunа производите ги следат златните стандарди:
- дерматолошки се прегледани
- не содржат парабени
- не содржат тешки метали
- не содржат глутен
- не содржат натриум лаурет сулфат
- не содржат состојки од животинско потекло
- не се тестирани на животни
- се произведуваат во лабораториска средина без GMO

NUTRIPLUS

Вистинската убавина се создава одвнатре. Нашите додатоци во исхраната се формулирани според највисоките стандарди за квалитет за да се обезбеди безбедно и ефективно консумирање
Nutriplus производите:
- не содржат GMO состојки
- не содржат глутен*
- не содржат соја
- не содржат млечни производи
- не содржат тешки метали
* Забелешка: кафињата се произведуваат во погон каде се обработуваат производи што содржат глутен.

Нашите производи се во согласност со следните прописи и стандарди:
- Директива на Комисијата на EU 2008/88/ES
- Директива на Советот 76/768/ EEZ
- Регулатива (EZ) 1907/2006 ("REACH")
- Регулатива (EZ) 396/2005
- Регулатива (EZ) 1223/2009
- Турскиот закон за козметика бр. 5324
- Здружение за меѓународни стандарди за мириси (IFRA)
- Глобален систем на UN (GHS)
- Регулатива EU 1272/2008
- Федерален закон за храна, лекови и козметика (FD&C Act) и Закон за поштено пакување и етикетирање (FPLA)
- Федерална комисија за заштита од санитарни ризици (COFEPRIS)

FARMASI 2021 - сите права загарантирани
DESIGNER