FARMASI КОЗМЕТИКА Д.О.О.Е.Л.

(општи услови за работа и промет на производите и услови за членство и купување на производите)

1. Членовите на друштвото (во понатамошниот текст: член) ќе имаат право да купуваат FARMASI производи со специјални попусти во однос на цената од каталогот FARMASI КОЗМЕТИКА Д.О.О.Е.Л. (во понатамошниот текст FARMASI). Нивото на попуст и цените од FARMASI каталогот кои ќе важат за порачка на некој член се тие што ги издал FARMASI и кои се во сила на денот на пласирањето на порачката.

2. FARMASI може, од време на време, по лична определба да ги промени нивоата на попусти за членовите и цените од FARMASI каталогот како и било кој износ што се плаќа за испорака на порачката. Членовите ќе бидат благовремено известени за тие промени.

3. FARMASI ќе ја прифати порачката на производи само доколку ја достигнуваат или надминуваат минималната вредност на порачката во износ од 1000 ден. и/или како што благовремено FARMASI ги известил членовите.

4. Доколку членот сака да врати или замени некој производ кој го порачал од фирмата FARMASI, во согласонст со условите за гаранција, треба да пополни образец предвиден за рекламации, по што FARMASI или ќе му ги врати парите на членот по цената што ја платил за тој производ или ќе го замени за друг. Меѓутоа, членот претходно мора да го врати тој производ во оригиналното пакување (неоштетен и неупотребуван) во рок од 15 дена од датумот на испораката, а модните додатоци во рок од 7 дена од датумот на испорака.

5. Членот е должен да плати за секоја порачка и сите трошоци за испорака: во банката што FARMASI ја има назначено на фактурата, со трансфер на банковната сметка на фирмата или при превземање од доставувачот. Плаќањето мора да се изврши најдоцна по превземањето на испораката на бараните производи.

6. На секој FARMASI член строго му е забрането да се претставува како вработен или како претставник на фирмата FARMASI како и да договара или да тврди дека е овластен да договара обврски со фирмата. Членот не е овластен да превзема било какви обврски на име на фирмата FARMASI.

7. Се подразбира дека секој член ги купува производите за крајна потрошувачка, за лична или семејна примена или како подарок, а во никаков случај за препродажба. Доколку некој член сака да се занимава со било каков облик на работење или трговија потребно е да ги превземе неопходните чекори по усогласување со релевантните или други законски одредби на Република Македонија.

8. FARMASI членството е наследно и членот може да го пренесе на член од својата блиска фамилија доколку, поради оправдани причини, членот не е во можност да ги исполни условите за своето членство.

9. FARMASI членството може да го стекне само полнолетнoто лице кое има живеалиште во Република Македонија.

10. Секој член му дава на FARMASI свое одобрение за земање и обработување нивни лични податоци (име, име на еден родител, презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, број на лична карта или број на пасош, број на телефон и сл. контакт податоци). Фирмата ги користи личните податоци на членот за: достава на производите и други барања, да ги извести членовите за нивните производи и понудите за кои фирмата FARMASI смета дека членот би бил заинтересиран или од било кои други маркетиншки и информативни причини за кои фирмата FARMASI смета дека членовите би биле заинтересирани.

11. FARMASI ќе превземе соодветни правни, организациски и технички мерки за заштита на податоците од личноста во согласност со важечките законски прописи за приватност, доверливост и сигурност за личните податоци.

Ги прочитав и се согласувам FARMASI да може да ги користи и обработува моите податоци, како што е наведено во членот 10.

FARMASI КОЗМЕТИКА Д.О.О.Е.Л. може, по сопствена проценка, во било кое време, да ги измени овие услови за членството и купувањето на призводите. Членовите ќе бидат благовремено известени за таквите измени.

FARMASI 2021 - сите права загарантирани
DESIGNER