FARMASI ги задржува сите права да ги откаже наградите на мотивациската програма за учесниците и/или да ги дисквалификува учесниците од програмот од било која награда во било кој момент по сопствена одлука, доколку FARMASI верува дека учеснците прекршиле или изманипулирале било кој објавен услов или правило на мотивациските програми и/или каде учесниците постапиле на начин кој не е во согласност со генерално прифатениот добробит на деловните намери, постапки или етички правила.

Учеството во мотивациските програми е доброволно.

Доколку сте биле активни и сте ги исполниле поставените критериуми, на својата порачка додадете ја шифрата од одбраниот производ или сет производи. Во спротивно производите нема да ви бидат доставени.

Во мотивациската програма за нови членови во тек на еден месец (кампања), може да се превземат максимално 3 сета и тоа само во една порачка. Во случај на исцрпување на залихите на производите, FARMASI ќе ги замени со производи со иста или повисока вредност.

Цената на производите од мотивациските програми се нето и на нив не се остварува дополнителен попуст. Мотивациските програми не го градат износот за остварување на минималната порачка од 1500 ден, но ги градат износите потребни за остварување на останатите прагови на попуст.

FARMASI ги задржува правата да прилагоди или измени и дополни било кое или сите правила и услови од мотивациските програми за време на нивното траење и исто така да го откаже целиот програм во било кој момент по сопствена одлука, по претходно известување на учесниците во програмот. Известувањето ќе биде објавено на интернет страните на FARMASI и/или на вообичаен начин на информирање. Прилагодбите, измените и дополнувањата и/или откажувањето на мотивациските програми важат од моментот кога се објавени на интернет страниците на FARMASI и/или на вообичаен начин на информирање, освен ако е наведен некој друг начин. Во случај на дополнителна прилагодба, измена или откажување на програмите, учесниците ги прифаќаат и немаат право на било каков надомест или обештета во било каков облик.

Учесниците се свесни дека само тие учесници кои во моментот на исполнување на условите имаат валидно потпишана регистрациска карта со FARMASI и само тогаш остваруваат можност да ги купат производите и сетовите на производи од мотивациските програми.

FARMASI козметика д.о.о.е.л.
ул. Даме Груев бр. 14 ДТЦ Интекс
1000 Скопје, Р. Македонија
Тел: 078/443-865, 078/369-409
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Web: www.farmasi.mk

FARMASI 2021 - сите права загарантирани
DESIGNER